ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
* 400гр бисквити
* 2 пудинга од ванила
* 2-3 овошја (банани или ананас)
* 2 пакетчиња шлаг
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Во еден сад искршете ги бисквитите (не треба ни премногу ситно, ни премногу крупно).
Потоа сварете го пудингот и со него полиете ги бисквитите.
Сето тоа ќе го префрлите во некој подлабок сад и ќе го оставите да се олади.
Овошјето ќе го исечете на кругови и ќе го наредите одозгора.
Потоа ќе го изматите шлагот и ќе ја преачкате површината на тортата.
Брза, едноставна и убава торта!
Напомена: Во пудингот ставете шеќер по ваш вкус.
