Sweet Home

Тотално смирувачки дом … За совршено бегство од секојдневието !!!

Куќата  на четири нивоа, која се наоѓа во градот Херзелија, близу Средоземното море претставува супериорен проект на дизајнерското студио Oded & Elizabeth Tal Architects. Овој дом кој делува смирувачки, се наоѓа на површина од 800 метри квадратни. Она што го прави посебен е секако, уникатниот екстериер и замислата за дом кој опфаќа и удобност за сопствениците и модерни елементи, но и внатрешноста ги надминува очекувањата…

Огромна кино сала, три спални соби, приземје со базен во задниот дел, градина и интересни естесгки решенија го прават овој дом совршен за секој кој релаксацијата и бегањето од динамиката ги става на прв план. Обемот на куќата е поделен на предни и задни блокови кои ги поврзуваат искривени стаклени ѕидови. Финален момент на надворешноста е белата боја, тонизирана со темно сиви ленти, изработени од вулкански камен. Фасцинира и контрастот кој го создаваат темните светла, на совршено белите ѕидови, а интересен е и дијалогот помеѓу шарениот мебел и останатите неутрални елементи…

Во овој дом, сé изгледа магично !!!

Напиши коментар