Убавина

Трајно отстранете ги влакненцата од лицето!

Постојат различни методи за отстранување на влакненцата од лицето. Некои од нив се навистина ефикасни кои вклучуваат во себе електроепилација, фото-и ласерска епилација, но не се ни малку евтини.

Во оваа статија ќе ги разгледаме народните методи за епилација на влакненцата на лицето во домашни услови, кои се подеднакво ефикасни.

Домашно средство за отстранување на влакненцата со сода бикарбона

Овој третман е потребно да се прави навечер, пред спиење.

Ставете една лажица сода бикарбона во 200мл зовриена вода, измешајте и осатавете да се излади.

Земете памук или газа и натопете ја во растворот, малку исцедете ја и ставете ја местото (местата) каде што растат несаканите влакненца.

Залепете со фластер и оставете го во текот на ноќта.

Следното утро отстранете го и намачкајте се со крема на проблематичните делови.

Веќе по 2-3 третмани ќе приметите позитивен резултат: влакненцата од лицето ќе почнат да паѓаат.

Другото народно средство против влакненца на лицето е обичен аптекарски јод

За подготовка на овој народен лек ќе ви биде потребно: 2мл јод, 1,5мл амонијак, 40мл 96%-ен алкохол и 10мл рицинусово масло.

Измешајте ги состојките и оставете додека смесата не стане безбојна. Потоа втријте ја на лицето, масирајќи. Најдoбро навечер пред спиење.

Влакненцата ќе почнат да паѓаат по неколку дена. Постои верување дека е ова решение за трајно отстранување на влакненцата од лицето.

Народно средство за отстранување на влакненцата – масло од коприви

3 лажици семе од коприва ставете во било кое растително масло. Оставете го да отстои 14 дена на топло место.

Потоа исцедете го низ газа, ставете го во стаклена тегла и затворете го. Секоја вечер, со течноста, со помош на памук или газа мачкајте ги проблематичните делови на лицето. Оставете да отстои половина час па измијте го лицето со со топла вода и сапун.

Лукот како ефиксно средство за отстранување  на влакненцата од лицето 

Со свежо исцеден сок од лук, бришете ги проблематичните делови на лицето неколку пати во текот на денот.

Сокот од лук држете го на лицето половина час, за постигнување на максимален резултат. На крајот измијте го лицето со топла вода.

Со комбинација од кукурма, млеко и брашно, можете да направите паста со која ќе ги отстраните тенките влакненца, но не и оние јаките. Најчесто се користи против ситните влакненца на лицето.

Со кукурма можете да ги отстраните влакненцата и да го забавите нивниот раст со честа употреба. Освен тоа, ќе ја омекнете и ќе ја осветлите кожата. Измешајте 1 филџан брашно, половина лажиче кукурма и неколку капки млеко (колку што е потребно да направите густа смеса). Смесата нанесете ја на лицето, на влакненцата во семерот на кој растат и оставете да се исуши 20-25 минути. Потоа со мокра крпа отстранувајте ги влакненцата во спротивен смер. Остатоците од смесата отстранете ги со топла вода. На крајот нанесте некоја хидратантна крема.

Write A Comment