Motherhood

Третата година од бракот е најсреќна, петтата натешка

Според резултатите од истражувањето на јавното мислење кое го спровела една од најголемите британски адвокатски канцеларии, која се занимава со бракоразводни постапки, паровите се најсреќни во ткот на третата година од бракот.

Истражувачите анкетирале 2.000 луѓе и на основа на нивните одговори дошле до заклучок дека првата година поголемиот дел од браковите се одбележани со задоволство и восхитување кое партнерите го чувствуваат месеците по свадбата.

Втората година поголемиот дел од партнерите ја поминуваат прилагодувајќи се на животот во пар и во подетално меѓусебно запознавање.

Најсреќна е третата година бидејќи двата партнери до тогаш во целост се навикнале на брачниот живот и почнуваат да размислуваат за проширување на семејството. Но, само две години подоцна, тие го губат ентузијазмот.

Поголемиот број од анкетиранте парови признале дека петтата година од бракот им била најтешка.

Write A Comment