Motherhood

Три нешта кои треба да им ги кажувате на вашите деца секој ден

Често читаме текстови и слушаме совети за тоа што е дозволено да се зборува пред децата, а потоа се чувствуваме лошо, бидејќи сето тоа одвреме наврме го изговараме во секојдневниот живот на детето. Знаеме дека зборовите можат да повредат и дека треба да внимаваме што зборуваме, но можеби е најдобро во овој поглед да се концентрираме не на она што не треба да го кажеме, туку она што е добро да им го кажеме на нашите деца.

Те сакам

Овие два збора треба да ги изговараме бидејќи ни помагаат да бидеме среќни, но уште повеќе помагаат кога животот ќе се искомплицира. Заедно ќе преживееме се. Кажувајте си ја меѓусебно оваа реченица, кажувајте им ја на пријателите, на децата и направете и тие подоцна да ја кажуваат на своите блиски и на своите деца. Важно е децата да го научат значењето на тие зборови и да научат да сакаат уште додека се мали.

Ти можеш тоа тоа да го направиш

Не можам, не сакам, не… се зборови кои многу често  секојдневно ги изговараме. Учете ги вашите деца дека се способни и дека можат да направат се и дека тоа е прашање на личен избор. Поттикнувајте ги да бидат самостални, не им ги одземајте лекциите кои мораат да ги научат со тоа што вие ќе ги заврште наместо нив, почесто кажувајте им “да” наместо “не” за работи кои не се од суштинско значење, учете ги дека мораат да се трудат за успех и дека неуспехот не е причина за повлекување.

Ти простувам

Сите треба да знаат да се извинат за своите грешки но исто така да знаат да им простат и на другите. Покажете го тоа со пример. Кажете му на детето “ти простувам” кога ќе се скарате заради некоја негова грешка бидејќи со тоа му давате на знаење дека сите грешиме и му покажувате како да простува. Исто така, извинете му се на детето кога ќе сватите дека вие сте погрешиле. Со тоа покажувате како се однесува оној кој е крив и како треба да се извини за својата грешка.

 

Напиши коментар