Убавина

Три природни рецепти против првут

Првутот не е болест, туку козметички проблем кој може да се реши со природни средства.

Раствор од сок од лимон

Со две лажици сок од лимон измасирајте го скалпот и оставете малку да постои. Потоа исплакнете ја косата со мешавина од вода и сок од лимон – во два деецилитри вода додадете лажица лимонов сок и со тоа измијте ја косата. Ако имате долга коса, зголемете ја количината вода и сок од лимон во ист размер. Постапката повторувајте ја што почесто, се додека чешањето и првутот не исчезнат. Лимонот ја чисти главата на кожата, делува антисептички, а косата убаво ќе ви мириса.

Чај од ловоров лист

Зовријте литар вода и додадете една шака ловоров лист. Кога ќе се олади, исцедете и со овој чај измијте ја косата. Потоа замотајте ја во пешкир и оставете да делува околу еден час, а потоа измијте со млака вода.

Јаболков оцет

Тоа воспоставува здрава pH рамнотежа на кожата на главата, па е навистина многу корисен природен лек против првут кој никако не би требало да се потценува. За тоа е потребно по миењето на косата, да ја исплакнете со вода во која сте додале јаболков оцет (на литар вода, децилитар оцет). Не морате да се грижите поради мирисот, бидејќи целосно ќе испари штом косата се исуши.

Напиши коментар