Здраво тело

Три рецепти од руската алтернативна медицина за намалување на нивото на шеќерот во крвта!

Диjабетесот е една од најраспространетите болести во светот. Одржувањето на нормално ниво на шеќер во крвта е прво важно правило на секој човек, кој боледува од оваа болест.

Ќе ви предложиме три едноставни но ефикасни рецепти за намалување на шекерот во крвта.

1. За оваа рецепта ни е потребно :

-корен од рен со должина околу 20 см и дебелина околу 2 см

-9 чешниња лук

-свежо квалитетно пиво

-стаклено шише или тегла од 1 л

-Коренот од рен го миеме детално, но не го лупиме

-го сецкаме ситно и ставаме во тегла

-ги лупиме и миеме чешнињата лук, ги сецкаме и ставаме во тегла

-смесата ја поливаме со свежо пиво ( до стеснувањето на шишето ) го поклопуваме со нешто и оставаме на темно место да одстои 10 дена.

– потоа го процедуваме

Се зема : првите 2 дена – по една мала лажичка 2-3 пати на ден, следните денови – по една супена лажица 3 пати дневно, пред јадење. Оваа смеса може да го „ собори “ високиот шеќер во рок еден месец и да го одржува под контрола.

2. Рецепт со овес

– Полијте50 гр овес со зовриена и оладена вода.

– смесата ставете ја на тивок оган и кога ќе зоврие,тогаш варете го уште 10-15 минути

– Тргнете ја од огнот, покријте ја и нека отстои 1 час.

Се зема : 3-4 пати на ден по пола чаша, пред јадење. Лекувањето трае 2- 3 недели.

3. Рецепта за смалување на нивото на шеќерот во крвта со јајца.

– матиме 1 јајце

– во јајцето цедиме сок од 1 среден лимон

– смесата добро ја промешуваме

Се зема : секое утро на празен стомак. Траење на лекувањето : најмалку 2 недели. Не заборавајте да ја користите и терапијата од доктор доколку вие препишана.

Бидете здрави!

Напиши коментар