Motherhood

Трудници: Еве доказ дека бебето во стомакот го чувствува вашиот стрес!

Ова е прв фотографски доказ дека бебињата уште во матката можат да почувствуваат како е нивната мајка расположена.

Сликата на бебето кое се одмара во стомакот на мајката би требало да претставува еден спокоен призор. Меѓутоа, на овие 3Д фотографии, снимени со помош на 4Д ултразук, бебето ја подигнало својата рака до брадата и се намрштило, што претставува јасен сигнал дека е загрижено поради нешто.

Научникот Наџа Рајсленд од Универзитетот Дарем, истражувала дали расположението на мајката се рефлектира на чувствата на бебето.

Foto: Nadja Reissland/University of Durham

Таа ја пратела бременоста на 15 жени, кои во текот на бременоста правеле по четири ултразуци. Секој пат пред снимањето тие пополнувале прашалник за тоа во која мерка претходните месеци биле под стрес.

Foto: Nadja Reissland/University of Durham

Се испоставило дека бебињата на мајките кои тешко ги поднесувале проблемите завземале специфични пози на загриженост и тага, додека бебињата во стомаците на добро расположените мајки на снимките делувале опуштено и смирено.

– Поголемиот дел од мајките многу добро се носат со бременоста. Здрави се и тие и нивните бебиња, но некои од нив морав да ги советувам на сите можни начини да го намалат стресот во својот живот – изјавила доктор Рајсленд.

Напиши коментар