Далеку, далеку, некаде на еден од островите Мариета крaј бреговите на Порто Ваљарта, Мексико, се наоѓа едно парче од рајот. Убавината му е вонземна, а дивата природа некогаш толку разгалена…
Playa del Amor или Плажата на љубвта е една од оние неверојатни чуда на светот, на кои сеуште можеш да побегнеш од цивилизацијата и да земеш здив спокојство.
Скриена меѓу бујната вегетација, оваа извонредна плажа е позната на малкумина и сеуште не е претворена во комерцијална туристичка дестинација.
Само вистински љубители на природната убавина се одлучуваат да стигнат до оваа плажа. А тоа не е воопшто лесно. За да уживаат во сонцето на оваа плажа, треба да патуваат со брод, а потоа да препливаат 6 метри. Другата опција е едноставно да пристигнат со хелихоптер.
Но и покрај тешкотиите сепак, искуството вреди.









