Убавина

Убавите заби се одговор за се!

Дали сакате преосетливи заби и повлекување на непцата? “Човек може и да претера со миењето на забите”, стои во извештајот на The Wall Street Journal. “Тој проблем обично се насловува со ‘абразија со четка за заби’ и може да предизвика преосетливост на забите, повлекување на непцата и уништување на ткивото околу коренот на забите”.

Се проценува дека 10 до 20 американци ги оштетуваат забите или непцата со претерано триење со тврда четка за миење.

Најзагрозени се луѓето кои премногу енергично ги четкаат забите и оние кои користат четки за заби со тврди влакна. “Со желба да направат нешто подобро, тие само ја расипуваат работата”, вели стоматологот Milan Segall.

Поединци имаат генетска предиспозиција за појава на овој проблем, некои се раѓаат со помалку ткиво околу забите. Опасноста им се заканува на оние кои носеле дентални помагала за исправување или поместување на забите.

Експертите ги нудат следните совети:

  • Користете мека четка за заби.
  • Најпрво исчеткајте ги забите без паста за заби па потоа нежно поминете ги со паста и со мека четка.
  • Лагано држете ја четката, само со неколку прсти, а не со цела рака.
  • Четката држете ја под агол од 45 степени во однос на непцата и нежно тријте ги забите со кружни движења, наместо да ги триете напред-назад како да имате пила во рацете.

Write A Comment