Можеби овде не поминуваат возови, но ова место претставува вистинско „ природно метро “ кое го одзема Вашиот здив. Станува збор за уникатен тунел, создаден од вештите раце на природата. Тунелот го создава искривен кањон. Длабоко во тунелот, во темните браздички продираат сончеви зраци кои им овозможуваат на алгите да растат, во дупки полни со вода. Зелената флора создава необичен тиркизен сјај кој блеска и создава спектакуларна глетка. Кристално бистрата вода, прскајќи ги мазните камења, ја прави оваа прекрасна меандра место кое нема да се покаете доколку го посетите…
Силуетите на шарените ѕидови кои делуваат како да „ танцуваат “, ехото на водата која паѓа слободно, вилините коњчиња и жапчињата го прават ова место вистинска рапсодија на убавината…
Само погледнете…










