Убавина

Упатство за убави гради! Масажата е главна:)

Денеска е честа појава па и тренд да не се носи градник, мала женска револуција која ја применуваат и оние што треба и оние што не смееат ни да помислат на тоа. Градите не се мускулно ткиво, туку склоп на жлезди, и поради тоа носењето на градник помага да не се опуштат. Тој има и медицинскиои естетско оправдување. Дали градите ви се мали или големи, тоа е дар од природата, но дали го задржале својот убав облик, тоа е лична работа.

Еве неколку упатства за нега на градите:

1. Масирање со сува или влажна ракавица околу градите, без да се допираат брадавиците.

2. Секое утро кога се туширате, почнете со топла па со млаз ладна вода и тоа со кружни движења туширајте ги, најубаво да се повтори постапката 4 пати.

3. После лесно бришење, се масираат со млеко за тело, повторно со кружни движења и внимателно да не се развлече кожата.

4. Еднаш неделно е препорачливо да се нанесе лосион кој потикнува циркулација.

5. Малку гимнастика и спортување кој ги напрега мусклуте на градниот кош се добредојдени. Најпрепорачани спортови се пливање и тенис.

Држењето на телото е финалниот сегмент во нега за градите. Водете грижа за тежината да не варира премногу, држете се исправено и бидете горди на своите негувани гради.

Write A Comment