Здраво тело

Употребувајте сол во умерени количини!

Солта претставува соединение на натриум и хлор. Кога внесуваме малку сол, во цревниот систем се зголемува абсорбцијата на натриум од храната, а бубрезите го намалуваат губењето на натриум преку урината. Кога, пак, со исхраната се внесува поголемо количество сол отколку што е потребно, овие процеси се обратни.

Растителната храна составена од житарки, зеленчук и овошје обезбедува дневно внесување на 500 милиграми сол во организмот, така што зачинувањето на таквата здрава храна со мали количества сол, не само што не е штетно, туку и корисно. Меѓутоа, внимавајте да не претерате.

Присуството на сол го зајакнува чувството на задоволство кај нас бидејќи нашиот организам, за чие нормално функционирање се потребни минерали, развил таква реакција при внесувањето на неопходната сол. Меѓутоа, производителите на храна ја користат таа природна реакција за да ги продаваат своите намирници. Од истите причини не е тешко и самите да претераме со сол кога дома подготвуваме храна. Така, препорачливо е при готвењето да се користат минимални количества сол, а на трпезата подоцна ставете соларник, кој, исто така, треба да се употребува со мерка.

Write A Comment