Sweet Home

Уредете ја совршено спалната соба!

Секој дел од нашиот домот треба да го испланираме правилно и да ја внесеме топлината и мотивот што соодветствува со тоа.Спалната соба е место за одмор и релаксација, и својата функција успешно ќе ја заврши доколку во неа има простор за еден кревет и осветлување. Сепак, постојат начини како малата соба да стане визуелно поголема.

Ставете огледало на ѕидот или плакарот – доколку огледалото се протега од подот до таванот и е поставено на површината на целиот ѕид, тоа визуелно ќе ја удвои големината на спалната соба.

Дозволете да влезе природна светлина – таа ќе овозможи спалната соба преку ден да изгледа попрозрачна и поголема. Во малите спални соби многу често заглавјето на креветот е веднаш до прозорецот. Изберете заглавие кое нема да ја блокира светлината, како што е на пример она со металната рамка.

На ѕидот до заглавјето ставете полици – полиците со книги или украсни предмети ќе го направат малиот просторот поинтересен и ќе внесат живост во него.

Внесете интересен мотив – доволно е малиот простор да се разигра со само еден интересен мотив кој ќе биде присутен на тапетот или тепихот.

Write A Comment