Мојата кујна

Урма торта

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

*20 јајца

*500 гр. шеќер

*225 гр. ореви

*225 гр. урми 

*75 гр. суво грозје

*4 – 5 лажици брашно

*2 пакетчиња прашок за пециво

*300 гр. чоколадо

*300 гр. путер

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

 За оваа торта потребни се два пандишпани :

1 пандишпан: 10 белки се матат додека се добие снег,се додава 150 гр шеќер и се мати убаво да се добие цврста смеса.
Потоа се додава 1 жолчка и се разматува убаво и се додава сувата смеса од 150 гр ореви сецкани , 150 гр исецкани и исчистени урми, 50гр суво грозје , 2 – 3 лажици брашно,
1 пециво се размешува убаво и се пече во плех од 40×42 на 200 степени 30 минути.

2 пандишпан: Постапката на изработка е иста како првиот пандишпан само што продуктите се делат на половина од количината и се пече во истиот плех само смесата се разлева до половина од плехчето печењето е исто како и претходно.

Кога тестата се готови се сече првото тесто на половина хоризонтално се филува со крем и се става второто тесто пак крем па третото и со кремот се премачкува целата торта.

Крем: 13 жолчки, 4 цели јајца се матат со 200гр шеќер да се добие смеса во пенеста состојба се додава 300 гр чоколадо и се вари над пареа се додека не се растопи чоколадото и да се добие густина се лади и се меша со претходно изматен 300 гр путер.

Напиши коментар