Убавина

Уште еден опасен тренд меѓу жените: бикини мост

“Bikini bridge” (бикини мост) го означува просторот помеѓу бикините и долниот дел од стомакот, особено во поза за сликање која предизвикува голем интерес кај посилниот пол.

Бидејќи овој термин се почесто кружи помеѓу социјалните мрежи и има своја група на Фејсбук, каде што корисниците прикачуваат фотографии со поглед на “бикини мост”, многумина предвидуваат дека ова ќе биде попопуларно од “просторот меѓу бутовите”.

Експертите за пореметување во исхраната предупредуваат дека се почесто тинејџерките и младите жени по секоја цена сакаат да ја намалат својата тежина за да постигнат една цел – тие сакаат да станат толку слаби што бутовите нема да им се допираат додека стојат со споени нозе или да имаат бикини мост.

Write A Comment