Мислиме дека еволуцијата на човекот го достигна својот врв, но вистината е дека ние постојано се менуваме, како и секое живо суштество на оваа планета. Постојат многу теории за тоа како ќе изгледаме по 1000 или 2000 години. Според некои научници, нашите потомци ќе имаат огромни очи, според други, пак, тие ќе бидат повисоки… Но сите се категорични дека човекот на иднината ќе биде мутант.
Научници и истражувачи од универзитетот во Лос Анџелес имаат поминато години во анализирање на хомо сапиенс и неговата еволуција. Тие направиле портрет на човекот кој ќе живее на Земјата по 2000 години. Според прогнозите тој ќе биде ќелав, без заби, а многу од гените за мирис ќе исчезнат.
Уште поинтересно во оваа теорија е дека според неа телепатијата ќе стане основно средство за комуникација и така јазикот постепено ќе се покаже како неупотреблив. Нашите гласови ќе се користат само во музиката, ако воопшто постои таква уметност во иднината.
Косата на идниот човек пак, ќе исчезне целосно поради радијацијата и глобалното затоплување.
На кратко – по 2000 години нашите пра-пра-пра-пра-правнуци ќе бидат грди, глуви и неми. Звучи прилично изненадувачки, нели?