Bridal

Венчаници како од бајките на Оскар де ла Рента

Ако мислите дека само белата боја и кремастата се погодни за вашата венчаница оваа година, тогаш да видиме што мисли за ова прашање Оскар де ла Рента.

Минатата година несомнено беше година на срамежливата, но нежна розова. Оваа година, трендовите сепак се менуваат, а со нив и венчаниците и брендовите кои се залагаат за модели на венчаници со кремава, црвена и светло сина боја. Речиси сите светски дизајнери покажаа смели идеи во морето од бои. Некои се задржуваат само на заситени тонови во акцентите во моменти додека други одат многу подалеку. Но г-дин маестро создава уникатни нежни креации инспирирани од небото и морето. Всушност идејата е да се најде бојата која одговара најдобро на вашата кожа. Не сите невести изгледаат одлично во бело, вашата венчаница може да е во сина боја.

 

Напиши коментар