Prison brake

Верувале или не: Водата може да ве убие!

Секоја вода има поинаков состав, па дури и онаа што ја купуваме во продавница не е во потполност чиста од хемикалии кои се потенцијално отровни.

Водата која ја пиеме содржи многу отрови, кои ни најсовремените филтери не можат да ги отстранат. Стручните лица советуваат редовно да ги читаме извештаите за составот на водата која по пат на водовод ни доаѓа од чешмата, но и да обрнеме внимание на етикетата на водата од шише која ја купуваме.

Ова се четирите најопасни материи кои можат да се најдат во водата за пиење.

Арсен

Големи количини на овој металоид во водата може да предизвика оштетување на белите дробови како она кое се јавува кај луѓето што пушат со години. Обрнете внимание, бидејќи максималниот износ на арсен е 0,04 милиграми.

24

Бакар

Овој метал често се користи за производство на водоводните цевки, а и редовно го внесуваме во организмот по пат на храна. Меѓутоа, прекумерното натрупување на бакар во телото го оштетува мозокот, што со текот на времето може да доведе до хепатитис, психички и неуролошки симптоми, а постои и сомнение дека бакарот е крив за Алцхајмеровата болест.

Хлор

Да, од хлорот имаме корист бидејќи ги убива штетните бактерии од водата. Може да стене опасен кога ќе стапи во реакција со друга органска материја (на пример, полуварено овошје и зеленчук во нашиот желудник) бидеќи тогаш се создаваат изразено канцерогени материи, трихалометари.

25

Олово

До пред десет години до повеќето број на домови водата доаѓала низ оловни цевки. Бидејќи во некои краеви водоводот сеуште не е заменет, внимавајте, бидејќи сте под голем ризик за проблеми со бубрезите и висок крвен притисок.

Write A Comment