Prison brake

Верувањето во пеколот го прави животот на Земјата полош

Во студија објавена во списанието “PLOS One” истражувачите ги прателе податоците во врска со 63 земји – како на национално така и во однос со индивидуалните граѓани  и потоа ги поделиле во две групи. Едната група се состоела од луѓе кои веруваат во рајот додека во другата се наоѓале оние кои веруваат во постоење на пеколот.

Колку населението на некоја земја било склоно да верува во постоење на рајот, толку тоа било генерално посреќно, пишува LiveScience, додека поедници исто така биле задоволни од својот живот.

Сепак, овие податоци ја отвораат можноста за луѓето кои се веќе несреќни да бидат  склони кон тоа да веруваат во постоење на пеколот.

Затоа, истражувачите им дале задача на 422 луѓе да пишуваат за рајот, пеколот или за тоа што правеле претходниот ден.

По прегледувањето на нивните тестови не е забележана голема разлика помеѓу луѓето кои пишувале за рајот или за тоа што правеле претходниот ден, но луѓето кои пишувале за пеколот – без оглед на тоа дали веруваат во него или не, генерално биле по тажни.

Научниците сметаат дека самото пишување за пеколот ги прави луѓето несреќни, но исто така е можно луѓето кои не веруваат во пеколот да поседуваат страв дека можеби не се во право.

Напиши коментар