← НАЗАД НА БОЗА

Веселите бебиња се раѓаат во лето

Веселите бебиња се раѓаат во лето
822 Читања

Луѓето родени во пролет и лето се посреќни и позадоволни од својот живот, отколку родените во есен и зима.

Зошто? Производството на серотонин, познат како хормонот на среќата се стимулира од светлината и сонцето. Затоа организмот на луѓето што дошле на бел свет по време на топлите месеци, лачи серотонин во поголеми количини.

Се разбира тоа не значи дека родените во есен и зима бебиња стануваат еден ден тажни возрасни мажи и жени, песимисти и намуртени. Еве што можат да направар родителите во ваков случај:

Носете го на прошетка бебето надвор дури и кога времето е мрачно, за да поминува повеќе време надвор на дневна светлина. За да се стимулира произвотството на серотонин неопходна ни е светлина со интензитет 2500 лукса, а вештачката светлина во домашни услови го нема истиот ефект како сончевата.

Затоа без разлика што времето во зима е ладно, детето мора секојдневно да се носи на прошетка, освен за потребата од дневна светлина, исто и за потребата од чистиот и свеж воздух. Плашејќи се да не настине детето, обично родителите не сакаат да го носат надвор од домот со што несвесно нанесуваат штета наместо корист на своето чедо.

Во лето пак треба да се искористат утринските часови на изгрејсонце или пак вечерните часови на зајдисонце, за да се избегнат штетните УВ зраци.

Редовната прошетка го подобрува сонот, го зајакнува имунитетот  и ја елиминира напнатоста што кај децата се создава од предолго престојување во затворен простор.

Децата се дел од природата. Не ги затварајте дома!

Коментари

© 2011 boza.mk | Дизајн - element.mk