Свиткани колена : Легнете на под на вашиот грб. Нозете, со свитканите колена, привлечете ги кон градите рацете завиткајте ги околу нив. Неколку пати полека свртете ги на десно и лево, со тоа благо се масира областа кај кичмата.
Мачка : Потпрете се на вашите раце и колената. Спуштете ја главата, а грбот свиткајте го како мачките. Во исто време, мирно вдишете и издишете и задржете се во оваа положба две минути.
Коса свеќа : Лежите на грб и подигнете ги нозете. Под крстот ставете перница. Испружете ги нозете дијагонално. Останете во оваа положба неколку минути.
