Здраво тело

Вежби против ‘рчење

‘Рчењето може да влијае на квалитетот на сонот, како на вашиот така и на членовите на вашето семејство. Најчестата причина на оваа бука е стеснувањето на дишните патишта поради неодговарачката положба во текот на спиењето, од кои најмногу патат мажите. Абнормалноста на меките ткива во грлото, незгодната положба на јазикот во текот на сонот и проблеми со синусите исто така го предизвикуваат овој непријатен звук.

Доколку вие или вашите најблиски ги мачи овој проблем, избегнувајте да спиете на грб, бидејки во таа положба меките ткива се повлекуваат и сметаат на дишењето. Треба да знаете дека и алкохолот и разни средтства за смирување ја предизвикуваат оваа непријатна појава. За среќа постојат вежби кои можат да го решат овој проблем.

Изговарајте ја гласно секоја самогласка А,Е,И,О,У во траење од 3 минути. Повторувајте го неколку пати во денот.

Врвот на јазикот поставете го на предните заби и зафрлајте го наназад. Останете во таа положба 30 секунди и оваа вежба правете ја 3 минути, неколку пати во денот.

Затворете ја устата и притиснете ги усните заедно. Држите така 30 секунди повеќе пати во денот.

Отворете ја устата, долната вилица придвижете ја на десна страна и кратко задржете во таа положба. Направете го истото и на другата страна, исто така по неколку пати во денот.

Write A Comment