Здраво тело

Вежби против стрес

Доколку чувствувате дека во последно време сте под стрес, вежбањето може да ви помогне да се опуштите.

Јога е добар начин да го намалите стресот и нервозата, бидејќи помага да се фокусирате на дишењето, што позитивно делува на нервниот систем.

Пилатес е исто така одличен за релаксација и дава сила, флексибилност и издржливост.

Карате, иако боречка вештина, многу ефикасно ослободува од стрес.

Наједноставен и најефикасен начин да се рехабилитирате е секојдневна прошетка најмалку 30 минути. Шетањето го зајакнува срцевиот мускул и го регулира крвниот притисок.

Таи-Чи е стара боречка вештина која вклучува комбинација од медитирачки движења. Овој облик на вежби ја намалува нервозата и ги поврзува телото и умот.

Доколку се занимавате со кик-бокс, ќе бидете посмирени и ќе имате затегнато тело и здрав дух.

Трчањето е идеален начин да се ослободите од напнатоста. Ако на почетокот ви е тешко, со време, кога ќе почне да се ослободува серотонинот, хормонот на среќа, ќе ви биде се попријатно.

 

Write A Comment