Bridal

Ви ги претставуваме најскапите свршенички прстени на светот

Сакате да ја изненадите вашата сакана со прекрасен свршенички прстен. Следете ја старата поговорка „ако не знаеш што е убаво купи го она што е скапо“ и изберете некој од најскапите веренички прстени во светот:

Дијамантски прстен со бело злато, дел од колекцијата на изработувачите на накит „Куќата на Тејлор“, каде еден од главните акционери беше самата Елизабет Тејлор. Прстенот содржи овален дијамант од 5.98 карати и дополнителни дијаманти од 3.96 карати, а чини 1,3 милиони долари.

Прекрасен прстен во форма на роза со дијамант од 4.14 карати и розов дијамант со 0.8 карати од компанијата за накит „Де Биерс“. Прстенот е наречен Бакнеж на Розата. Овој прстен Дејвид Бекам го подари на својата сакана Викторија, а цената на овој прстен е 525.000 долари.

Жолтите дијаманти се особено популарни за вереничките прстени. Овој прстен е изработен од жолт дијамант од 5,11 карати поставен на бело злато. Прстенот е дел од колекцијата на „Де Биерс“, а чини 400.000 долари.

Прстен направен од голем овален дијамант од 6.96 карати опкружен со повеќе ситни дијаманти. Прстенот го изработува компанијата за накит „Тифани“, а неговата цена е 1,46 милиони долари.

Кружен огромен дијамант од неверојатни 9 карати поставени на бело злато – тоа е дефиницијата за еден од најскапите веренички прстени на светот. Прстенот го изработува куќата за накит „Де Биерс“, а чини неверојатни 1,83 милиони долари.

Write A Comment