Motherhood

Ви поминал терминот? Како да ги поттикнете трудовите?

Сакате на некој начин полека да стимулирате контракции бидејќи терминот веќе ви помина? Еве неколку совети како да го направите тоа.

За многу трудници полесно е да го поднесат чекањето за породување ако имаат чувство дека прават нешто во таа насока и дека му помагаат на бебето полека да тргне на својот пат. Затоа постојат одредени постапки кои трудниците можат да ги преземат. Можат малку да го забрзаат механизмот на породувањето, ама секако дека тоа нема да почне ако и детето и телото не се подготвени за тоа.

Сепак трудницата мора да исполнува некои услови за да може да ги преземе овие постапки:

Да биде здрава и во форма.

Телото и бебето мораат да бидат подготвени, што значи мора да помине датумот за терминот, односно се препорачува да се почека до 40 недели бременост.

Потребно е да се консултирате со вашиот доктор или бабица за тоа дали бебето е спремно и што ви советуваат тие.

Не се препорачува комбинирање на повеќе методи истовремено. Понекогаш тие делуваат дури после неколку дена и премногу стимулација или преголема доза може да предизвика неочекувани реакции. Затоа е потребно да се постапува многу внимателно.

Масажа

Земете 10 мл бадемово масло или масло од цимет, каранфилче и ѓумбир. Масирајте го маслото на стомакот, но претходно намачкајте го со топла вода за побрзо впивање. Овие маслa ги стимулираат мускулите на матката за контракции.

Безопасно и ќе ви годи!

Лаксативи и коктели

Ако сте слушнале за овој метод, не применувајте го. Тој може да предизвика прекумерна активност на дебелото црево или дијареја кои можат да го стимулираат и породувањето, но притоа доаѓа до дехидрација и оштетување на цревата, а можно е и гадење или појавата на грчеви во цревата. Затоа не се препорачува пиење коктели со  алкохол.

Не се препорачува!

Топла купка

Ако можете да ги поднесете топлите купки, ова може да го примените како начин за стимулирање на породувањето. Во купката можете да додадете и етерични масла од цимет, каранфилче и ѓумбир. Но, направете ја само ако имате некој покрај вас. Од топлата вода може да имате проблеми со циркулацијата или контракциите многу брзо да почнат.

При здрава циркулација овој метод е безопасен и многу удобен!

Секс

Ако за време на терминот водите љубов со партнерот ја намалувате можноста долго да го чекате бебето. Сексот може да го стимулира породувањето на повеќе начини. Сексуалната возбуда во телото ослободува окситоцин кој предизвикува контракции. Дополнителна корист е што спермата содржи простагландини, хормони кои се користат за провоцирање на породување. Тие го омекнуваат грлото на матката и го продолжуваат. Исто така при оргазмот матката се грчи а и тоа може да предизвика контракции.

Ако тоа за вас е изводливо и забавно – секако!

Стимулација на брадавиците

Ова е многу ефективен метод за стимулирање на контракции бидејќи со стимулација на брадавиците се лачи окситоцин па контракциите можат да се појават за еден час. Затоа може да се примени само ако грлото веќе е спремно за породување. Имено, постои опасност од претерана стимулација кога можете да имате предолги и пресилни породилни болки што може да биде престрашно за вас и за вашето бебе.

Ефикасно, но само под надзор на доктори и бабица!

Физичка активност

Пред самото породување треба да се избегнува физичка активност. Во таа смисла избегнувајте го популарното качување по скали бидејќи одзема премногу енергија. Подобро чувајте ја силата за породувањето. Но, на пример можете да шетате затоа што на тој начин ќе му помогнете на бебето да се смести во положба за породување. Притисокот на главата врз грлото на матката исто така ќе стимулира лачење на окситоцин кој ќе предизвика породилни болки. Можете да се лулате на гимнастички топки што исто така има позитивен ефект.

Безопасно, забавно, но не претерувајте!

Чаеви

Направете си чај со стапчиња цимет, каранфилче, свеж ѓумбир и врбена. Прелијте ги билките со еден литар врела вода и оставете да постои 10 минути. Најдобро е чајот да се пие млак и да се вдишува од него во текот на целиот ден. Ист ефект има и чајот од листови од малина.

Безопасно и не е комплицирано!

Write A Comment