Спорт

Видео: Како да го сопрете Меси ако играте против него?

Јон Газтанага со зафат кој повеќе му прилега на Нфл-рагбито, отколку на фудбалот проба да го сопре продорот на напаѓачот на каталонците.

Барселона во средата го совлада Реал Сосиедад во првиот меч од полуфиналето на Купот на кралот,а играчите  од Сан Себастијан имаа многу мака да го сопрат најдобриот играч на каталонската екипа Лионел Меси,кој очигледно на тој натпревар беше многу инспириран да го покаже своето фудбалско знаење.

Кога веќе губеа со 2:0 бидејки не знаеа како да му ја одземат топката на аргентинецот,ниту да ги сопрат неговите соло продори,се определија за тактика која е повеќе својствена за рагбито,па така Јон Газтанага со прав боречки зафат го собори Меси.

http://www.youtube.com/watch?v=MRARr-9CJL4

 

Write A Comment