Анатомијата на женското тело во анимација на францускиот уметник Фредерик Доазан.
Фредерик Доазан, париски режисер и уметник во експериментални анимации ги испитува параметрите на женската убавина низ краткиот филм Supervenus.
Земајќи ја како појдовна точка илустрацијата на жена со вообичаена анатомија на женското тело, тој тргнува на пат кон современиот идеал: скалпел, липосукција, шминка и отстранување на сите „непотребни“ делови од телото.
Француските медиуми ова кратко видео го опишаа како „интелегентен начин да се осудат начините на кои се диктира современата женска убавина, со која денес жените редовно се соочуваат во медиумите.“
Од својата премиера, овој краток филм е препознат на неколку престижни фестивали во Европа и Канада.
https://www.youtube.com/watch?v=q_QJ2_KoH9Y
