Направи Сам

Вие сте клучот на позитивните промени околу Вас…

Ако се препуштиме на грижите,залудни би биле  правилата и целите кои си ги поставуваме, дека „ од денес, ќе почнеме да живееме нов живот, со полни бели дробови “…

Би сакале да Ви укажеме на неколку начини, со кои дури и од негативностите, ќе извлечете позитивни решенија.

Иако, не е едноставна постапката за опуштање, токму во моментот во кој посакуваме, помислата за повеќе мир и ентузијазм, носи заштеда и слобода на нервите. Исто како и во љубовта, и во овој случај, сé се одвива во магичен круг кој бара посветеност и труд кон самите себе. Колку и да се чини едноставен,  процесот за создавање состојба на хармонија на мислите не е план кој може да се оствари преку ноќ. Можеби ќе бидат потребни недели, дури и месеци, за да престанете да се грижите околу сите нешта, кои Ви се чинат непотребни и претставуваат пречка до крајната цел, која симболично ја претставуваат расфрланите конфети на позитивноста…

Бидете стрпливи… И придржувајте се на следниве пет чекори Ќе бидете сведок на неверојатни промени !!!

Чекор број 1 :

Вежбајте правилно слушање, но овој пат, слушајте се самите себе. Да, можеби нема да биде ни пријатно ни лесно, но секако, ова е неопходно. Слушајте ги, проценувајте ги, анализирајте ги сопствените зборови – дознајте што точно задрржувате во себе, а што точно испливува на површина.

Чекор број 2:

Вежбајте искреност. Повторно, самите со себе. Поставете си прашања како „ Дали навистина верувам на она што го кажувам за себе, за некоја личност, за некоја ситуација… Или само бладам, за да ја искоренам негативноста, во која всушност…не ни верувам ???

Чекор број 3:

Почнете да кажувате нешта, спротивни од нештата кои вообичаено ги кажувате. Колку и да Ви се чини лажно и цинично, верувајте ни – ова има смисла… Ќе почувствувате промени на подобро и ќе се изненадите самите себе.

Чекор број 4:

Почнете да водите дневник со резултати од Вашите успеси и неуспеси. Внимателно запишете кои промени Ви се случиле за време на спроведувањето на овој план. Ќе видите колку лесно е најпрво да се одлучи да се прифати позитивниот животен став и колку е тенка линијата помеѓу грижата и позитивните мисли.

Чекор број 5:

Вежбајте придавање позитивни карактеристики на секоја личност и секоја случка, секој ден.  Работата е во одлуката како ќе ги проценувате луѓето, но ако се држите според овој чекор, ќе сфатите колку ќе бидете среќни и исполнети со љубов. Без грижа, нема да се залажете самите себе и нема да ги затварате очите пред реалноста. Едноставно, ќе сфатите дека навистина постои нешто позитивно во негативното.

Напиши коментар