ШоуБиз

Викторија Бекам ја малтретирале во училиште

Викторија Бекам била малтретирана во училиште и чувствувала дека не се вклопува меѓу другите деца. Поранешната пејачка на “Спајс Грлс” вели дека не се разбирала баш најдобро со “најкул децата” во училиште, бидејќи  ја градела  својата кариера под рефлекторите и затоа врсниците биле огорчени на неа. “Сонував да бидам на сцената. Тоа беше тежок период од мојот живот. Ме малтретираа. Никаде не се вклопував… Бев амбициозна, вложував енормни напори , ги почитував родителите и правилата. По училиште одев на часови по танцување, пеење и глума”, раскажува Викторија пред шпанското издание на магазинот “Vanity Fair”.

По крајот на “Спајс Грлс” сопругата на Дејвид Бекам започна успешна кариера во светот на модата и категорично не сака да се враќа кон времето на женската група.

 

Write A Comment