Оваа впечатлива вила изградена на крајот од златните дваесетти години, а нарачана од страна на магнатот Луис Лукенбах, е дело на архитектот вилиам Ботомлеј.
Целиот имот се простира на 8,62 хектари на познатиот “Златен брег” на Лонг Ајленд. Сопствениците можат да уживаат во фантастичниот поглед внатре и надвор од вилата, кон зелената околина или големата водна површина.
Вилата има речиси 1580 квадратни метри раскошен животен простор, со не помалку од седум спални соби, како и седум бањи и два тоалети. Сопствениците и гостите сигурно уживаат во преубавата кујна и неверојатниот дизајн, но и нанеизбежната пријатна плажа.













