Вратете се за миг во детството и одговорете си на прашањето: “Каков/а сонував да бидам кога ќе пораснам?”. Ако бидете апсолутно искрени со себе, одговорот најверојатно ќе биде нешто од типот – принцеза, претседател, доктор, космонаут… Сепак убави нешта меѓутоа со годините сме научиле дека се непрактични и плод на нашите фантазии.
Да, родителите, училиштето, средината со години не програмираат како да се вклопиме во рамките, зошто треба да се научиме на опстанок. А зар не треба да се научиме да живееме – прашуваме ние?
Ќе ви споделиме една приказна…
“Еднаш едно јајце од Орел, непознато како, паднало во полог со јајца од кокошки. И така тоа било вметнато со останатите.
Орлето се родило и било одгледано од кокошката заедно со другите пилиња. Тогаш си мислело дека е кокошка, јадело од земјата со клун, за да најде црви и правело се што се очекувало да працви една кокошка.
Но понекогаш, кога над дворот прелетувале птици, орлето ја исправало главата кон небото и неговата душа се исполнувала со еден страшен копнеж. Сакало да лета, таму горе во висините…
Но тоа знаело дека тоа не е работа на птиците од неговиот вид. Кокошките не правеле такви работи. Тие не биле родени за лет во висините.
И ете како орелот го проживеал целиот свој живот како кокошка. Конечно умрел – без да знае дека всушност е роден за лет”.
Да, во вистинскиот живот приказните понекогаш имаат лош крај. И само од нас зависи дали ќе го избереме него или ќе се осмелиме да ги рашириме крилјата, да одлетаме и да си ги исполниме соништата.
Разбирате ли? Не се задоволувајте со кокошарник, кога срцето ви копнее за синото небо! Бидете себе и верувајте дека таму некаде ќе ги најдете орлите, со кои заедно ќе летате слободно помеѓу ѕвездите.
Сите успешни луѓе успеале, бидејќи прво верувале во себе. Направете го и вие тоа. Следете го срцето и може да се покаже дека некаде внатре во вас, спие душата на голем орел!