Motherhood

Вистинска приказна: За снаата и зетот

Слушам синчето ти се оженило и ќерката се омажила!!! Каква е снајката, ајде да слушнам…

Ма ќути драга. Господ да не дава такво нешто никому…Вакво нешто не сум видела. Не му дава на синот да дише. Наутро на госпоѓата и носи појадок во кревет, како да е некаква кралица. Таа зборува, тој во очи ја гледа, како да е магепсан. А не смее нигде да мрдне без неа, ни пак смее да праша. А да купи нешто што нему му се допаѓа без да ја праша, не може ни да сонува.

Вчера го затекнав како усисува. Кај мене не знаеше како изгледа правосмукалката. Најмногу ме погоди тоа што снаата срам нема. Пред мене се лигават, му седнува во скут, па морам да гледам на страна. Што не сум доживеала во животот, ама да доживеам синчето да ми стане папучар, е тоа не можам…

–          Што ќе правиш драга моја, знаеш дека добрите мажи секогаш налетуваат на ороспии кои ги вртат на малото прсте. Туку ајде кажи нешто и за зетчето?

Соговорничката се разведрила, се насмевнала и гордо почнала да раскажува: Е драга моја, ова е веќе нешто друго, Господ ме благослови со супер зет. Да знаеш колку е внимателен, како ја чува, да ти е мерак да седиш и да ја гледаш таа љубов. Тој драга наутро со појадок во кревет ја буди, и вели да полежи да се одмори.

Да видиш кога таа нешто зборува, па тој само во очи ја гледа и се смее, како златници од уста да и паѓаат. И колку ја цени, никаде без неа не оди, или ако излезе и кажува каде и до кога, едноставно се гледа дека човекот ја цени, тоа е. Не би се осмелил сам да купи нешто…Се нејзе ја прашува, “душичке што ќе кажеш за ова“, „ајде ти избери“…

За него не е проблем да и помага низ дома. Без да му каже, ќе земе ќе избрише прашина, ќе усиса, ќе измие садови. Кога ќе заврши ќе дојде и ќе ја бакне, ќе ја земе во скут, а таа цела пресреќна, се бакнуваат, абе ми иде да заплачам од среќа кога ги гледам…

Напиши коментар