Потребно:
- 1 парче Лепиња
- 1 Јајце
- 2 парчиња сланина
- 2 парчиња кашкавал
Подготовка:
Изненадете ги најблиските и саканите со едноставен а вкусен доручек.
На тава загреана на средна температура испечете ја сланината по 2-3 минути на секоја страна или доддека не стане кафена.
Извадете ја сланината од тавата и ставете ја на хартиена салфетка да се ицеди.
Во топла тава згответе го јајцето по ваш избор, омлет, на око и слично.
Пресечете ја векната на половина и на долниот дел ставете го јајцето, врз него едно парче од чедар кашкавалот, па сланината и најгоре другото парче од векната.
