Мојата кујна

Вкусен јогурт крем

Потребни состојки:

  • 280мл јогурт
  • кесичка желатин
  • 2 пакетчиња ванилин шеќер
  • 50гр шеќер во прав
  • За прелив:
  • 2 лажици џем од малина
  • 1 лимон

Начин на подготовка:

Во јогуртот истурете го растопениот желатин и матете. Додадете шеќер во прав и продолжете со матење. На крајот додадете ванилин шеќер и матете додека не се растопи. Смесата ставете ја во суви кружни садови и ладете во фрижидер најмалку два часа. Ладниот крем полека одвојте го од садот, па свртете го на чинија. Прелијте со џем од малини во кој имате додадено сок од лимон или прелијте со сокот.

Напиши коментар