Мојата кујна

Вкусен колач за кој не се потребни многу состојки

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

За кората:

*6 белки

*180гр шеќер

*180гр ореви

За кремот:

*6 жолчки

*100гр маргарин

*100гр шеќер

*100гр чоколадо

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

Изматете 3 белки со 90гр шеќер па кон смесата додадете 90гр ореви. Измешајте да се соедини. Имајќи во предвид дека оваа количина е доволна за две кори, истресете половина од смесата во плех со големина 20/30 см обложен со хартија за печење и печете 25 минути на 180 степени.

Од испечената кора веднаш отстранете ја хартијата бидејќи при ладењето ќе се залепи.

Потоа на истиот начин испечете ја и другата половина од смесата – втората кора.

Изматете ги жолчките со шеќерот да побелат, додадете го искршеното чоколадо и ставете го на пареа да се истопи. Откако ќе проврие, варете го додека не се згусне, па оставете го да се излади.

Потоа изматете го маргаринот па во него додадете ја изладената смеса од жолчки, шеќер и чоколадо, постојано мешајќи.

Половина од кремот нанесете на една кора. Врз него ставете ја другата кора и нанесете го останатиот дел од кремот.

Украсете по желба. Најдобро е колачот да отстои неколку часа пред сервирање.

Write A Comment