Мојата кујна

Вкусен ролат со нутела

Тој  толку лесен што може да го имате за појадок или вечера со една чаша млеко. Децата едноставно го обожаваат.

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

*  7 јајца

*  7 лажици шеќер

*  7 лажици брашно

*  половина кесичка пециво

* нутела

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

Пенесто изматете ги жолчките со шеќерот. На страна измешајте ги белките во цврст снег, па додајте ги во изматените жолчки. Додајте го брашното и пецивото и промешајте полека со дрвена лажица. Обложете ја тавата за печење со хартија и ставете ја смесата. Печете околку 15 минути на 170 степени.

Испечениот бисквит извадете го ис тавете го на крпа за да се излади. Премачкајте го со нутела и свиткајте го во ролна. Ролатот ставете го во фрижидер да се излади убаво. Потоа пресечете го на парчиња со дебелина од 2 цм и послужете.

Write A Comment