Мојата кујна

Вкусна еурокрем торта

Освен потребните состојки мислам дека нема потреба да дадам уште некаков коментар…

Потребни состојки:

–      250 гр еурокрем

–      4 реда чоколада

–      100 гр сецкани бадеми

–      150 гр мелени ореви

–      5 јајца

–      5 лажици шеќер

–      5 лажици брашно

–      8 лажици млеко

–      250 гр путер

–      250 гр шеќер во прав

–      малку сок од портокал

–      2 кесички шлаг

Подготовка:

Изматете ги белките во цврст снег, додајте ги петте лажици шеќер, петте жолчки, 50 гр мелени ореви и 5 лажици брашно. Убаво изедначете ја смесата и сипете ја во претходно намачкан плех. Испечете го тестото и кога ќе биде готово извадете го од рерна, но не и од плехот. Одозгора премачкајте ја со растопената чоколада во 8 лажици млеко.

Фил: изматете 250 гр путер со 250 гр шеќер во прав, додајте го кремот, 100 гр сецкани бадеми, 100 гр мелени ореви и сок од еден исцеден портокал.

Изедначете го кремот и ставете го врз пандишпанот. Оставете ја тортата во фрижидер да се стегне. Откако ќе се стегне тортата извадете ја од плехот, калапот и ставете ја на чинија за торта. Премачкајте ја со изматениот шлаг.

Write A Comment