ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
* 1 пакетче посни бисквити
* 300гр шеќер
* 9 дцл вода
* 3 пудинга од карамела
* 1 посен маргарин
* 8 лажици мелени лешници
* малку сварено кафе за топење на бисквитите
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Ставете 300гр шеќер да се карамелизира, но не на јак оган за да не изгори. Одвоете 1дл вода и измешате ги трите пудинга.
Кога целиот шеќер ќе добие златно-жолта боја, додадете ги и преостанатите 8дл вода и оставете шеќерот да се истопи и да проврие.
Кога сте сигурни дека шеќерот се истопил, ставете го пудингот во смесата да се вари и мешајте додека не се згусне.
Отстранете го од огнот и оставете да се излади.
Откако ќе се излади во него додадете го маргаринот и додадете 8 лажици мелени лешници.
Бисквитите малку натопете ги во свареното кафе и почнете да редите. Еден ред бисквити еден ред фил.
Напомена: Наместо лешници може и бадеми или ореви, по желба. Исто така, доколку не најдете пудинг од карамела, може и пудинг од ванила или чоколадо. Оставете неколку часа тортата да омекне од кафето и филот, а потоа можете да ја исечете на коцки.
Многу е вкусна и едноставна за подготовка.
