Потребно:
- 150 грама целер
- малку сол
- 50 грама путер
- 1 главица кромид
- 1500 милилитри вода
- 1 мала лажица бибер
Подготовка:
Исецкајте го кромидот и испржете го во путерот додека не добие кафеавкаста нијанса. Почнете да готвите во садот во кој ќе ја подготвите супата.
Потоа додадете ја водата, исецканиот и измиен целер, индиското оревче (по желба), биберот и солта. Супата нека се вари додека целерот сосема не омекне, а потоа течноста одделете ја од зеленчукот. Течноста (супата) вратете ја во првиот сад.
Течноста нека почне да врие и додадете го фидето. Супата нека се вари додека тестото не омекне.
