Мојата кујна

Вкусни и освежителни овошни палачинки!

Потребно:
  • 50 грама шлаг
  • 50 грама шеќер во прав
  • 1 тесто за палачинки
  • 100 грама суво грозје
  • 50 грама ореви
  • 80 грама диња
  • 1 парче ванила
  • 1   банана

 

Подготовка:

Секоја палачинка се филува, се превиткува левата и десната страна и се прави како пирошка. Така направени се редат во чинија, се посипуваат со шеќер во прав во кој има ванилин шеќер. Над секоја од палачинките се става шлаг и се украсува со овошје.

За филот: праските се лупат и сечат во коцки, се додава дињата сечена исто така на коцкички, потоа сувото грозје што стоело во топла вода да набабри (исцедено), сечената банана и шеќерот во прав. Исто така се додаваат неколку лажици шлаг за овошјето да се соедини.

 

Write A Comment