Мојата кујна

Вкусни колачиња со ореви и чоколадо

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

* 100 гр. путер од кикирики

* 100 гр. шеќер

* 2 белки од јајце

* 200 гр. брашно

* 2 лажици какао

* 150 гр. ситно сецкани бадеми

* Малку сол

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

Во посебен сад додадете го брашното, солта и какаото. Во тенџере на оган растопете го путерот и шеќерот се додека не добиете кремаста смеса. Во тенџерето додадете ја смесата со брашно.

Изматете ги белките и додадете ги во смесата, па измешајте ја смесата, обвиткајте со со пластична фолија и оставете ја да отстои во фрижидер 20тина минути.

Откако ќе се стегне тестото, ставете го врз проѕирна фолија, а одозгора ставете уште еден слој фолија и расукајте што е можно потенка кора. Отстранете ја горната фолија и рамномерно распоредете ги бадемите врз кората и притиснете ги.

Тестото расечете го на ленти со должина од околу 3-5 сантиметри, па ставете го во тава за печење врз која претходно сте ставиле хартија за печење. Печете на температура од 180 степени целзиусови околу 10-12 минути. Добар апетит.

Write A Comment