ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
* 250гр лиснато тесто
* 70гр тенко сечена сланина
* јајце за премачкување
* 50гр рендано тврдо сирење
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Лиснатото тесто одмрзнете го на собна температура, истанчете го со сукало во правоаголник со дебелина околу 3мм. На едната страна наредете ја сланината и покријте ја со другата половина од тестото.
Со остар нож исечете стапчиња со должина од 10см и ширина 2,5см. Премачкајте ги со изматено јајце.
Наредете ги на подмачкан плех и попрскајте ги со ренданото сирење. Печете во рерна загреана на 200 степени додека не поруменат.
