Мојата кујна

Вкусни орасници готови за 20 минути

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

* 1 пакетче ванила

* 3 белки од јајце

* 250гр ореви

* 250гр шеќер

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

  • Оревите ги мелеме ситно со 50гр од шеќерот.
  • Ги матиме белкита како снег и ги мешаме со веќе измелените ореви и останатиот шеќер.
  • Мешаме до добивање на хомогена смеса.
  • Ја додаваме ванилата.
  • Оформуваме округли форми врз хартија за печење.
  • Печеме во претходно загреана рерна на 180 степени околу 10-11 минути.

 

Напиши коментар