Мојата кујна

Вкусни печени модри патлиџани

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

* Модар патлиџан

* Јајца

* Лебни трошки

* Масло

* Лук

* Сос од домати

* Пармезан или рендан кашкавал

* Парчиња моцарела

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

Излупете ги патлиџаните и исечете ги на дебели ленти. Потопете ги во избиените јајца, а после тоа во лебните трошки. Запржете ги парчињата во маслото при што ќе го додадете и лукот се додека не добијат златно-кафена боја. Исцедете ги врз хартиени салфетки. Загрејте го сосот од домати зачинет по вкус и изренданото сирење. Покријте го дното на стаклениот сад со сос, после тоа подредете ги парчињата модар патлиџан, моцарела и повторно сос. Повторувајте се додека не се потрошат состојките. Покријте го садот со алуминиумска фолија и печете на 180 степени додека сирењето не се стопи и почне да крчка. Тргнете ја фолијата на крај и печете уште десетина минути.

Write A Comment