Сигурно дека до сега сте пробале некоја од варијантите на оваа популарна и вкусна торта. Малку е “пјака”, но неодолива и сигурни сме дека ќе ја сакате!
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
* 600гр мелена плазма
* 100гр мелени ореви
* 200гр чоколадо
* 2 лажици масло
* 200гр шеќер во прав
* 250гр маргарин
* 2 јајца
* 200мл сок со вкус на портокал
* 300гр ситно исецкани желе бомбони
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Јајцата, маргаринот и шеќерот, изматете ги. Додадете ја плазмата, оревите и 100гр рендано чоколадо.
Додадете го сокот и добро “измесете” се додека состојките не се соединат. Ставете ја плазмата на послужавник и обликувајте торта. Врз неа ставете ја глазурата од стопено чоколадо (преостанатите 100гр) и маслото.
