ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
* 500гр тиквици
* 3 чешниња лук
* 2 црвени пиперки
* 400гр сирење
* 300гр јогурт
* 3 јајца
* 2 лажици магдонос
* 2 лажици нане
* сол
* бибер
* ½ кг кори за пита
* 2 лажици маслиново масло
* жолчка
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Тиквиците излупете ги и исечете ги по должина, па исечете ги на тенки кругови. Лукот излупете го и исецкајте го. Пиперките исчисете ги и исечете ги на стапчиња.
Сирењето згмечете го со вилушка, додадете ги јајцата и јогуртот, тиквиците, лукот, пиперките, магдоносот и нането, додадете сол и бибер.
Ватросталниот сад добро подмачкајте го. Дното обложете го со две кори, попрскајате ги со масло, потоа премачкајте ги со фил, па ставете ја следната кора. Така наизменично редете се додека сите состојки не ги потрошите. Питата завршете ја со кора.
Рерната претходно загрејте ја на 200 степени. Жолчката изматете ја со малку масло, премачкајте ја горната кора. Печете на средина на рерната околу 25-30 минути.
