ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
* 400гр полусварени компири
* 100гр стопен путер
* 2 јајца
* 6 лажици брашно
* 2 лажици масло
*40гр рендан кашкавал
* 1 врска магдонос
* сол по вкус
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
- Ги лупиме компирите.
- Во сад ги матиме јајцата заедно со брашното и сол по вкус. Ги додаваме путерот и маслото.
- Ги ставаме компирите во формички за мафини и секој одделно го полеваме со добиената смеса.
- Поросуваме со кашкавал.
- Печеме во загреана рерна на 180 степени, околу 35-40 минути или додека не се добие златна коричка.
- Откако ќе ги извадиме од рерната, ги посипуваме со ситно сецкан магдонос и сервираме.
