Здраво тело

Внимание: Средувањето на ноктите може да предизвика рак!

Дали сте забележале дека секоја втора жена има долги, шарени нокти?

Тоа е затоа што одењето на маникир стана многу популарно помеѓу жените. Дамите сакаат да држат до себе и да го негуваат секој дел од своето тело за да бидат убави, но понекогаш таа убавина може скапо да ги чини, токму како што маникирот може да биде опасен по живот.

Можеби е тешко да поверувате во такво нешто, но кога ќе слушнете за што всушност се работи, можеби повеќе никогаш нема да отидете на маникир.

Сушењето на вашите никти под УВ лампа може да го зголеми ризикот од рак

Некои докази укажуваат дека УВ светлата кои се користат за сушење на ноктите можат да ги зголемат шансите за добивање на рак на кожата на рацете. Меѓутоа, постојат и истражувања кои го покажуваат спротивното.

Доколку сте загрижени поради изложеноста на вашите раце на УВ лампата користете крема за раце 15 минути пред да стигнете до салонот. Исто така, обидете се да пронајдете салон каде користат ЛЕД светла, што е помалку ризично од УВ зрачењето.

Некои лакови за нокти може да содржат канцерогени супстанци

Овој пат кривец е бутилатниот хидрокианисол. Исто така обрнете внимание на ова токсично трио – дибутил фталат, толуене и формалдехид. Ќе ги пронајдете само во некои гелови за нокти, па бидете внимателни и гледајте што пишува на етикетата.

Треба да внимавате каде одите на маникир

Не одете на маникир кај некој кој не е квалификуван за тоа. Пронајдете техничар со многу искуство кој не треба да има лоши работници кои не ја работат својата работа онака како што треба.

Лесно се добива инфекција

Кога бирате каде ќе одите на маникир, се подразбира да имате доверба во салонот за да не добиете инфекција заради приборот кој не се чува на адекватен начин. А за да бидете сигурни во тоа, проверете дали вашиот салон ја чисти својата опрема после секоја употреба.

 

Напиши коментар