man fashion

Внимавајте да не згрешите во облекувањето!

Вистина е дека облеката го прави човеко, меѓутоа тоа правило знае да има и свои исклучоци. Облеката говори за човекот, па ви препорачуваме да внимавате на некои од следниве правила:

Длабок “V” отвор на блузите

Облека со “деколте” како и раскопчани кошули до под градите можат да изгледаат невкусно на машкото тело. Правило е да откопчате само 2 копчиња од вашата кошула доколку истите не се на големо растојание.

Верувајте, на жените не им е секси отворената облека кај мажите, што се разбира дека изгледа многу посекси кај жените.

Светликава облека

Натписи на маици кои се видливи од километар, сигурно ќе привлечат погледи од спротивниот пол, но тие погледи нема да се задржат ниту секунда. Сјајни и блескави парчиња сакаат жените, за мажите сè што е светликаво е строго забрането.

Опуштено или спортски

Тренерката и спортските патики се одличен избор за удобност. Лежерноста и опуштеноста се посакувани за секој маж, но различни прилики бараат различна гардероба.

Затоа, ако поголем дел од вашето време го поминувате во спортска облека и се чуствувате супер, не значи дека со истата треба да се појавите и на состанокот со девојката. И да, не е оправдување ниту ако тренерките и патиките се Nike Air Max и заедно вредат преку 20.000 денари.

 

Напиши коментар